| четврток, 6 декември 2018 |

Досега 42 македонски туристи во Грција се пожалиле дека им се оштетени возилата

vozilo grcija2

Два нови случаја на оштетени возила беа пријавени од страна на македонски државјани што го минувале одморотво Грција, со што вкупниот број на вакви инциденти летово се искачи на 42 случаја.

На 8.8.2013 година, на граничниот премин „Богородица“, М.Ј. од Скопје, која управувала патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, пријавила дека во Солун возилото ѝ било испишано по целата површина со црвена боја (напред, назад, по табличките). Оштетувањето го пријавила и во грчката полиција, за што има потврда.

Истиот ден, на граничниот премин „Богородица“, А.Ј. од Гостивар, кој управувал патничко возило „ауди А3“ со гостиварски регистарски ознаки, пријавил дека во туристичкото место Асправалта возилото му било испишано по целата површина со црвена боја (напред, назад, по табличките). Оштетувањето го пријавил и во грчката полиција, за што има потврда.

Со овие два новорегистрирани случаја, во изминатиот период од страна на нашата гранична полиција се евидентирани вкупно 42 оштетувања на возила и одземања на таблички. Од 42 оштетувања, кои ги пријавиле македонските државјани, 32 се кражби на регистарски таблички, од кои во 24 случаи се украдени обете таблички. Предничи туристичкото место Ханиоти, каде што досега се евидентирани 13 кражби и Неа Пори (шест). По однос на оштетените возила, бројката на вакви настани сега нарасна на седум случаи.

Од вкупниот број случаи – 27 се пријавени од страна наши државјани и на грчката полиција, но досега МВР сѐ уште нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите. Дваесет од македонските граѓани што пријавиле кражба или оштетување се од Скопје, а другите од други места во државава.

– See more at: http://moi.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=12562&mid=1367&tabId=358&tabindex=0#sthash.Tzr5Te32.dpuf

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top