| четврток, 6 декември 2018 |

Харе: Низ трње до ѕвездите!

Кон­церт што, де­фи­ни­тив­но, ќе го па­ме­там дол­го бе­ше кон­цер­тот на То­ше на Град­ски ста­ди­он. За жал, из­ле­зе де­ка тоа е пос­лед­ни­от кон­церт на То­ше... Таа ат­мо­сфе­ра и енер­ги­ја ќе ја па­ме­там до­де­ка сум жив

Скро­мен и свој – ва­ка ба­рем јас го до­жи­ву­вам Игор Ата­на­со­ски, или ка­ко што си­те го зна­е­ме – Ха­ре. За­ста­нал на сце­на­та со мно­гу го­ле­ми му­зич­ки ими­ња. Соз­дал, соз­да­ва и ќе соз­да­ва. Не­го­ви­от спот за „Утре е“ на „Јут­јуб“ е прес­лу­шан ре­чи­си 500.000 па­ти, што е до­во­лен до­каз де­ка пуб­ли­ка­та го са­ка тоа што го ну­ди. Утре е нов ден, а тој е дол­жен и ви­но­вен – дол­жен да ѝ го по­да­ри на пуб­ли­ка­та но­ви­от ал­бум што го под­го­тву­ва не­кол­ку го­ди­ни, а ви­но­вен што мно­гу­ми­на се „за­ра­зе­ни“ со не­го­ва­та му­зи­ка. Тоа е тој, чо­ве­кот што не са­ка и не мо­же да би­де не­кој друг.

Се под­го­тву­ва „Ма­фе дел Хар“? Зо­што ток­му та­кво име?

Харе: Па име­то „Ма­фе дел Хар“ е ра­бот­но име на ма­те­ри­ја­лот што се под­го­тву­ва. Тоа име се на­мет­на по­ра­ди ле­жер­на­та ат­мо­сфе­ра на му­зи­ка­та што асо­ци­ра­ше на поз­на­ти­те ком­пи­ла­ции „Ка­фе дел мар“.

Ал­бу­мот го под­го­тву­ва­те ве­ќе три-че­ти­ри го­ди­ни, пуб­ли­ка­та ве­ќе слуш­на две пес­ни. Кол­ку пес­ни ќе со­др­жи тој ал­бум и ко­га ќе ја ви­ди­ме про­мо­ци­ја­та на „Ма­фе дел Хар“?

Харе: Не знам точ­но кол­ку пес­ни ќе со­др­жи ал­бу­мот би­деј­ќи во ме­ѓу­вре­ме соз­да­дов не­кои но­ви пес­ни,та­ка што сѐ уште не сум го на­пра­вил ко­неч­ни­от из­бор. А, за про­мо­ци­ја­та не би из­бр­зу­вал би­деј­ќи не сум огра­ни­чен со ни­ка­кви тер­ми­ни. Нај­важ­но ми е тоа што ќе го сни­мам да би­де до­бро.

Ко­неч­но фор­ми­ра­вте сво­ја гру­па нас­ло­вен „Гу­ру Ха­ре“, со­ста­вен од искус­ни му­зи­ча­ри. Прет­ход­но сви­ре­вте со нај­раз­лич­ни му­зи­ча­ри. Зо­што тол­ку дол­го че­ка­вте за да на­пра­ви­те свој со­став?

Харе: Па, јас во ка­ри­е­ра­та сум сви­рел со, на­ви­сти­на, мно­гу му­зи­ча­ри и еве се­га по­чув­ству­вав по­тре­ба да на­пра­вам свој со­став. Му­зи­ча­ри­те што се со ме­не во „Гу­ру Ха­ре“ се мои дол­го­го­диш­ни со­ра­бот­ни­ци во раз­лич­ни про­е­кти и ете ре­шив­ме да го на­пра­ви­ме овој про­ект. А, зо­што тол­ку че­кав?! На­ви­сти­на не знам, ед­но­став­но, ра­бо­ти­те та­ка се слу­чу­ва­ат.

hare1

„Гу­ру Ха­ре“ е име пре­поз­нат­ли­во за вас. Од ка­де „гу­ру“, од ка­де „ха­ре“? Ед­наш има­те из­ја­ве­но де­ка тоа е дол­га при­каз­на. Јас ја са­кам дол­га­та при­каз­на!

Харе: Име­то „Гу­ру Ха­ре“ си дој­де са­мо (се смее). Во ра­на­та мла­дост мо­јот до­бар при­ја­тел Зо­ки Са­мар­џи­ев ме за­ви­ка Ха­ре, по­тоа ко­га поч­нав­ме да сви­ри­ме со Гиш тоа се пре­тво­ри во Ха­ре Криш­на. Ко­га поч­нав, пак, да со­ра­бо­ту­вам со Игор Џам­ба­зов поч­нав да му по­ка­жу­вам не­кој блу­з акор­ди и авто­мат­ски ме прог­ла­си за не­гов блуз-гу­ру,и та­ка дој­дов­ме до Гу­ру Ха­ре. Ете ја дол­га­та при­каз­на.

Раз­мис­лу­ва­те за го­лем кон­церт?

Харе: Го­лем кон­церт е, се­ка­ко, сон на се­кој му­зи­чар. Но, сѐ уште ми е ра­но да раз­мис­лу­вам за го­лем кон­церт би­деј­ќи пуб­ли­ка­та тре­ба пр­во да го слуш­не ма­те­ри­ја­лот што го под­го­тву­вам, па по­тоа. Се на­де­вам де­ка прет­стој­ни­от пер­и­од ќе има мно­гу на­ста­пи за да мо­же со­ста­вот да се усог­ла­си и пуб­ли­ка­та да нѐ за­поз­нае.

Од ка­де љу­бо­вта кон блу­зот? Се чи­ни ва­ши­от блуз е прис­по­со­бен за до­маш­на­та пуб­ли­ка, не е кла­си­чен блуз.

Харе: Уххх,љу­бо­вта кон блу­зот е мно­гу одам­на, а зо­што ток­му таа му­зи­ка… ве­ро­јат­но по­ра­ди сен­зи­би­ли­те­тот и емо­ци­и­те што ги но­си, по­ра­ди искре­но­ста, ед­но­став­но­ста и уни­вер­зал­но­ста со ко­ја се обра­ќа. Јас, по при­ро­да, сум лош ре­про­ду­кти­вец, па за­тоа сѐ што пра­вам пра­вам на мој на­чин. Се­ко­гаш ве­лам де­ка блу­зот мо­же да има раз­лич­ни фор­ми, ка­ко на при­мер, на­ша­та фолк­лор­на му­зи­ка со­др­жи мно­гу блуз-емо­ции, а има со­се­ма по­и­на­ква фор­ма ,ме­ѓу­тоа ме­не ме ин­те­ре­си­ра су­шти­на­та, а не фор­ма­та. На ме­не вли­ја­е­ле мно­гу му­зич­ки прав­ци и фор­ми та­ка што не са­кам да се огра­ни­чу­вам ту­ку да екс­пе­ри­мен­ти­рам и да соз­да­дам свој автен­ти­чен израз.

Ка­ква е на­ша­та блуз и ро­ке­нрол-сце­на? Ги сле­ди­те ли мла­ди­те што се по­ја­ву­ва­ат и се оби­ду­ва­ат да соз­да­дат не­што по­и­на­кво?

Харе: Па, кол­ку што мо­жам ги сле­дам мла­ди­те и се ра­ду­вам ко­га ќе за­поз­на­ам не­кој млад до­бар му­зи­чар…А, што се од­не­су­ва на блуз и на рок-сце­на­та, не знам, ка­ко да не­ма сце­на или има ама е тоа ан­дер­гра­унд и под­др­жа­но од не­кои клу­бо­ви во гра­дов. Не­до­сти­га под­др­шка од ме­ди­у­ми­те, не­до­сти­га­ат му­зич­ки еми­сии на те­ле­ви­зи­ја,рок-ма­га­зи­ни и сѐ дру­го што е по­треб­но за да ка­же­ме де­ка има сце­на.

Да­ли сме­та­те де­ка пом­ла­ди­те се по­су­ет­ни, им уди­ра ли лес­но таа сла­ва во гла­ва?

Харе: Па, да, мла­ди­те се по­су­ет­ни, ама за­тоа се ви­ка лу­до-мла­до. Ина­ку се су­пер… (се смее)

Јас би Ве вра­ти­ла во вре­ме­то ко­га сте би­ле млад. Ка­ква му­зи­ка слу­ша­вте то­гаш. Кој е пр­ви­от ал­бум што си го ку­пи­вте?

Харе: Во нај­ра­на­та мла­дост мај­ка ми на ме­не и на брат ми ни ку­пи гра­мо­фон и поч­нав­ме да со­би­ра­ме пло­чи. Пр­ва пло­ча што сум си ја ку­пил бе­ше „Electric ladyland“ од Џи­ми Хен­дрикс, кој па­тем е и мо­јот прв му­зич­ки идол. И од то­гаш со­би­ра­ње­то пло­чи и слу­ша­ње­то му­зи­ка ни бе­ше глав­но. Ина­ку, жа­нров­ски слу­шав мно­гу раз­лич­на му­зи­ка, ме­ѓу­тоа најм­но­гу му­зи­ка со ги­та­ри би­деј­ќи та­ка учев да сви­рам.

guru hare1

Ка­ко поч­на­вте да се за­ни­ма­ва­те со му­зи­ка, со ко­го пр­во поч­на­вте да сви­ри­те, ка­де беа Ва­ши­те про­би?

Харе: За мо­и­те по­че­то­ци со му­зи­ка­та ди­ре­ктен ви­нов­ник е та­тко ми. Еден ден дој­де од ра­бо­та и ми до­не­се аку­стич­на ги­та­ра. Та­ка сам поч­нав да учам. Мо­јот при­ја­тел Ми­те Ди­мов­ски сви­ре­ше на та­па­ни и та­ка поч­на мо­е­то по­се­ри­оз­но за­ни­ма­ва­ње со му­зи­ка. Пр­ви­те про­би, се знае, беа во по­друм. И ден де­нес се во по­друм (се смее). Имав­ме со­став „ДДТ“ а во не­го бев­ме јас, Пе­тар Јан­ков и Са­шо Ва­сев. Веж­бав­ме во ку­ќа­та на Са­шо.Че­сто ни ви­каа по­ли­ци­ја би­деј­ќи бев­ме глас­ни.

Се се­ќа­ва­те на Ва­ши­от прв по­го­лем на­стап? Ка­ко изг­ле­да­ше тоа?

Харе: Ка­ко мој прв по­го­лем на­стап го сме­там кон­цер­тот на Ко­кан Ди­му­шев­ски во АРМ, кон­церт што го има и на це­де „Live at ARM“. То­гаш имав мож­ност да би­дам на сце­на со Ко­кан, Бо­дан, Ми­ца­нов, Га­ро и со дру­ги поз­на­ти му­зи­ча­ри. Ина­ку, во осум­де­сет и не­ко­ја сви­рев со „Ме­мо­ри­ја“, кои во тоа вре­ме беа мно­гу по­пу­лар­ни, па мо­же­би тоа беа пр­ви­те по­го­ле­ми на­ста­пи. Тре­ма из­ме­ша­на со ра­дост и со воз­бу­да… тоа бе­ше чув­ство­то…

Кој е на­ста­нот што најм­но­гу Ве ис­пол­нил, Ве на­пра­вил нај­сре­ќен?

Харе: Па, не би мо­жел да изд­во­јам еден на­стан… Ете кон­цер­тот на Ко­кан во АРМ е еден од нив, по­тоа кон­цер­тот во „Са­ва цен­тар“ со Бо­дан и со „Ез­ги­ја“, на­ста­пот на „Ег­зит 2005“ со „Ар­хан­гел“… Ме­ѓу­тоа кон­церт што, де­фи­ни­тив­но, ќе го па­ме­там дол­го бе­ше кон­цер­тот на То­ше на Град­ски ста­ди­он. За жал, из­ле­зе де­ка тоа е пос­лед­ни­от кон­церт на То­ше… Таа ат­мо­сфе­ра и енер­ги­ја ќе ја па­ме­там до­де­ка сум жив!

Кол­ку Ве про­ме­ни сла­ва­та?

Харе: Кол­ку ме про­ме­ни сла­ва­та?! Ова ќе го сфа­там ка­ко ше­га (се смее). Не се чув­ству­вам сла­вен и не ве­ру­вам во тоа… Про­ме­на­та ја на­пра­ви­ја го­ди­ни­те и ки­ло­ме­тра­жа­та.

Има­те ли не­кое мо­то во жи­во­тот што Ве во­ди на­пред?

Харе: Низ тр­ње до ѕвез­ди­те!

Разговараше: Билјана Зафирова
Фото: Игор Ангеловски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top