| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија брка виза за Светското првенство во хокеј на ролери

makedonski rolerasi hokej

 

Македонскиот национален тим во хокеј на ролери учествува на Квалификацискиот турнир, кој на нашите хокеари може да им обезбеди место на СП, кое ќе се одржи во Пасау, Германија, во периодот од 9 до 11 август 2014 година.

На овие квалификации, нашите репрезентативци ќе се соочат со репрезентациите на Литванија и на Ирска. Велат дека во настапите влегуваат мотивирани и подготвени за успех, но се разочарани поради откажувањето на големиот „мотиватор“ – репрезентацијата на Грција, односно тимот со кој првично требаше да се соочат уште на самото отворање на квалификацискиот турнир. Покрај Грција, учеството на турнирот во Германија во последен момент го откажаа и Турција, Израел, Шпанија и Португалија.

Нашата репрезентација е, главно, составена од играчи што настапуваат на домашен терен, но оваа година за првпат напомош доаѓа и играч од нашата дијаспора. Станува збор за 16-годишниот Самуел Наумовски – Викиус од Шведска, за кого, од нашата репрезентација велат дека има исклучителни вештини и талент.

Победникот од квалификациите во Германија ќе обезбеди учество во Б-дивизија на Светското првенство, кое ќе се игра следната година во Чешка и ќе биде дел од групата Д заедно со Австрија, Јапонија и Унгарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top