| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува судењето за случајот „Ликвидација“

kezarovski1

 

Во Кривичниот суд во Скопје денеска почнува судскиот процес за случајот „Ликвидација“ во кој еден од обвинетите е и новинарот Томислав Кежаровски. Покрај него, на обвинителна клупа ќе бидат уште седум други обвинети, меѓу кои и судии, јавен обинител и адвокат од Велес.

Обвинетите се товарат за примање поткуп, злоупотреба на службена должност, неовластено откривање информации за сведоци, недозволиво поседување оружје и друго. Новинарот беше приведен поради текст објавен пред пет години во кој го разоткрил идентитетот на заштитениот сведок.

Случајот е поврзан со предметот за убиството на 74-годишниот Лазар Милошевски од велешкото село Ореше, кој се водеше во велешкиот суд.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top