Вкупно шест икони, стари стотици години се украдени од црквата „Света Богородица“ во дебарското село Долно Мелничани. Според полициските извори, крадците направиле пустош – го демолирале иконостасот и украле неколку илјади денари.
Според полицјата, крадците влегле од страничната врата откако не успеале да ја скршат главната влезна врата. Во претходните години црквата во неколку наврати била цел на кражби и поради тоа и двете врати биле дополнително заштитени.
На местото на настанот утрово пристигнале и сестрите од блискиот манастир Свети Ѓорѓија во селото Рајчица а екипа на дебарската полиција извршила увид. Според неофицијални извори полициските експерти успеале да пронајдат отпечатоци кои можат да ја олеснат потрагата по лицата кои ја извршиле кражбата.
Во поширокиот дебарски регион вклучително и во црквите во градот Дебар во последнава година се извршени голем број кражби при што се украдени десетици вредни икони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.