| четврток, 6 декември 2018 |

И Руни отстранет од првиот тим на Јунајтед

Vejn-Runi-1Напаѓачот на Јунајтед, Вејн Руни го снајде истата судбина како и Луис Суарез. Тој е отстранет од првиот тим на Ливерпул. Руни денеска наутро пристигнал на тренинг во тренинг-центарот на Манчестер Јунајтед. Но му било соопштено дека ќе мора да тренира со резервните фудбалери. Англиските медиуми, повикувајќи се на неименуван извор близок до Јунајтед, објавуваат дека Руни доста смирено ја прифатил оваа одлука на Мојс. Со насмевка на лицето го одработил целиот тренинг.

Според оваа одлука на Мојс, многу е веројатно дека Руни ова лето ќе го напушти Олд Трафорд, а клубот каде што ќе ја продолжи својата кариера најверојатно ќе биде лондонски Челзи. До сега од Јунајтед ги одбија и двете понуди на Челзи, но екипата на Мурињо овие денови ќе испрати и трета понуда за Вејн Руни. Руни овој петок ќе го пропушти пријателскиот натпревар на Јунајтед против екипата на Севиља, како и натпреварот од Комјунити Шилд против екипата на Виган кој е закажан за во недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top