| четврток, 6 декември 2018 |

Брус Вилис барал милион долари за ден поминат со Платениците

brus vilisАкциската ѕвезда, Брус Вилис 1 милион долари на ден за 4 дена снимање на филмот  Платеници (The Expendables 3). Тоа е прчината поради која Силестре Сталоне решил да го откачи херојот од “Die Hard”.

Силвестер Сталоне и останатите од тимот биле револтирани од дебелиот хонорар кој Вилис го сакал. И само по 72 часа пазарење, Брус отпаднал од тимот. Рамбо го изненади Холивуд, откако напиша на Твитер: „Вилис е надвор, влегува Харисон Форд! Голема вест!”.

А потоа додаде: „Вилис Алчен и мрзелив … Веројатно тоа е сигурен рецепт за да си ја уништиш кариерата”.

Според “Холивуд репортер” сепак водечка во случајот била алчноста, а не мрзеливоста. Па во третиот дел со непобедливиот тим на Сталоне, заедно со него ќе биде Харисон Форд. Постојат гласини дури за пристапувањето на Мел Гибсон, но тие засега не се потврдени.

Снимањето на акцискиот буџет од 90 милиони долари ќе заврше оваа година, а ќе се појави во кината идниот август, велат од Милениум филмс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top