| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајден човечки череп на Калемегдан

kalemegdan crkvaЧовечки череп бил пронајден во делот кај портата на црквата „Света Петка“ на Калемегдан во Белград. Истиот го пронашол свештеник во текот на вчерашниот ден, по што веднаш била повикана полиција.

Српските медиуми јавуваат дека черепот бил пренесен на Институтот за судска медицина заради обдукција. Полициски извори за белградските медиуми изјавиле дека се работи на утврдување на полот и воопшто како черепот стигнал во дворот на црквата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top