| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца повредени при судирот на минубус и голф

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи утрово на крстосницата кај „Нова Македонија“ во Скопје. Иако првичните информации беа дека нема повредени во инцидентот помеѓу минибусот и патничкото озило голф, од полицијата информираат дека  патниците во голфот завршиле на Ургентен центар.

Според СВР Скопје околу 06.10 часот било пријавено дека на крстосницата кај „Нова Македонија“ се судриле возило „голф“ со скопски регистарски таблички и возило-комбе во кое имало четворица сопатници. „Голфот“ бил управуван од 25-годишниот М.И, а во возилото бил и неговиот сопатник 22-годишниот Н.А., двајцата од Скопје. Во сообраќајката тие се здобиле со телесни повреди. Укажана им е лекарска помош во Ургентниот центар.

Со комбето управувал А.Ј (54) години од Скопје. Нема повредени од четворицата сопатници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top