| четврток, 6 декември 2018 |

Семејна драма во Штип, тројца браќа се тепале

StipБраќа се тепале, се заканувале со ножеви. Семејната драма настанала вчера околу 20 часот на улицата „Вардарска“ во Штип, во дворот од  куќата  на 42-годишниот Ф.Д. . Ф.Д. се закарал со неговите браќа, 54-годишниот М.Д. и 57-годишниот Р.Д.  Двајцата насилници физички го нападнале својот брат, удирајќи го со  клоци и тупаници по целото тело, при што му нанеле телесни повреди. Во  тој  момент наишол И.Д.  син на Ф.Д. и изреволтиран влегол во куќата, земал нож и се упатил кон М.Д. со цел да го нападне, но  бил спречен во намерата од соседите.

Полицијата работи на расветлување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top