| четврток, 6 декември 2018 |

Ето ќе му биде соиграч на Пандев во Наполи?

Анжи ги продава ѕвездите, а Самуел Ето влегува во игра на трансфер - пазарот. Постои можност тој повторно да му стане соиграч на Горан Пандев.

eto
Италијанските медиуми претпоставуваат дека следна дестинација на Камерунецот би можелa да биде Наполи, клубот што потроши најмногу пари во овој летен преоден рок, а за тренер го зема Рафаел Бенитез, кој побара многу засилувања.
Раководството на Наполи преговара со Џексон Мартинез, напаѓачот на Порто, меѓутоа засега не може да се договори за висината на отштетата со португалскиот клуб. Полека преговорите влегуваат во ќорсокак, а сега, откако се појави можноста за ангажман на Ето, ситуацијата е многу поинаква. Камерунскиот интернационалец имаше огромна плата во Анжи, фантастични 20 милиони евра годишно, но сигурно би се сложил на драстично намалување за да се врати во Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top