Над 300 куќи се оштетени од вчерашните земјотреси кои го погодија централниот дел на Грција. Според жители на селата во реонот на Фтиотида, Амфиклија и Ренгини штетите се значителни. Жителите на селата стравуваат од нови потреси и иако сеизмолозите велат дека не се очекуваат големи потреси, тие се излезени надвор од своите домови.
Атинската сеизмолошка служба соопшти дека вчерашните потреси биле со интензитет од 4,2 и 5,1 степен според Рихтерова скала. Епицентарот се наоѓал во близина на градот Ламија, на околу 120 километри северозападно од Атина.
Експертите сметаат дека сеизмичката активност е нормална за овој регион, во кој вообичаени се земјотреси со интензитет до 5,5 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.