| четврток, 6 декември 2018 |

Чешкиот премиер најави оставка

Rusnok_JiriЧешкиот премиер Јиржи Руснок најави дека ќе поднесе оставка, согласно Уставот, откако неговата Влада не успеа да добие доверба во Парламентот. Неговиот Кабинет беше поддржан од 93 пратеници, три помалку од оние кои гласаа против Владата. Седум пратеници не учествуваат на седницата.

Согласно Уставот, претседателот на државата има право да даде втор предлог за мандатар, кој ќе состави влада. Уставот предвидува и трет обид, во кој премиерот го предлага претседателот на Парламентот.

Политичката ситуација во Чешка се влоши по оставката на поранешниот премиер Петр Нечас поради наводна злоупотреба на воените тајни служби и корупциска афера од страна на негови блиски соработници и сопартијци. Ситуацијата ја искористи претседателот Милош Земан, кој именуваше техничка Влада, за што беше критикуван дека ја „турка“ својата левичарска опција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top