| четврток, 6 декември 2018 |

Децата задавени од питонот претходно си играле со рептилите во терариумот (фото)

deca-terari-um-13Питон задави две деца – оваа вест го шокираше светот пред неколку дена. Но се појавуваат необични вести и фотографии за од „дружбата“ на децата со влекачот долг неколку метри кој во Канада им ги одзема животите на браќата Конор (6) и Ноу (4) Барт. Питонот е транспортиран во локална зоолошка градина, каде што бил и успиен, откако канадската полиција наредила негово уништување. А низ медиумите се шират објавени фотографии од Конор и Ное Барт, а на кои се гледа како  дечињата го чистат стаклениот терариум. Нивната мајка Менди Трекартен на Фејсбук објавила фотографии од своите сега веќе покојни деца, облечени само во гаќички, си играат во еден помал терариум. Во огромниот стаклен терариум, сопственикот на продавницата за животни Жан Клод Савое чувал најразлични егзотични животни, помеѓу кои бил и африканскиот питон, една голема анаконда и неколку крокодили.
deca-terari-um-11

Двете дечиња трагично настрадале кога змијата се вовлекла во нивната соба преку отворот за вентилација додека тие спиеле. Несреќата се случила во домот на нивното другарче, чиј што татко. Жан Клод Савое под станот имал музеј од рептили и продавница за животни. Дејвид Роуз, роднина на Конор и Ное, на прес-конференцијата одржана за медиумите изјавил дека дечињата поминале цел ден на фармата на сопственикот на змијата, каде што си играле со неговиот син, јаделе скара и пливале.

deca-terari-um-10

Двете семејства заедно ја поминале ноќта, а околу полноќ, момчињата отишле да спијат во дневната соба, додека нивниот другар, отишол да спие во својата соба. Следното утро, околу 6.30 часот, Савое ги видел децата и најпрво помислил дека спијат. Но ја здогледал дупката во плафонот, по што го вклучил светлото и видел што се случило.

deca-terari-um-09

Воедно, властите започнале истрага која треба да покаже дали Савое ја имал потребната дозвола за поседување на овие животни, пред се затоа што африканските питони не спаѓаат во групата на егзотични животни кои што жителите на овој дел од Канада смеат да ги чуваат како домашни миленичиња.

deca-terari-um-08 deca-terari-um-03

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top