Четири лица се уапсени во рамки на истрагата за убиството на турско момче за време на антивладините протести во земјата. Турската полиција осомничените ги приведе во Ескишехир во центална Турција, откако откри снимки од безбедносни камери, за кои се сметало дека се избришани. На снимките се гледа како група од неколку лица со стапои го тепаат деветнаесетгодишниот Али Исмаил Коркмаз кој беше тешко ранет во судирите. што избија за време на протестите во јуни. Тој почина 38 денови подоцна.
Вчера биле уаспени осум лица се уапсени, но четворица од нив се ослободени. Според информацијата на турскиот весник „Радикал“ еден од уапсените е полициски службник од единиците за борба против тероризмот.
Главниот обвинител во округот Ескишехир, Орхан Четинѓул изјави дека силите за безбедност трагаат по уште едно лице, за кое се смета дека е вмешано во убиството на Коркмаз.
Во мај во Истанбул почнаа протести против уривањето на паркот Гези и тие постепено прераснаа во антивладини демонстрации во цела Турција.
Во протестите, кои траеја со недели учествувале околу два милиони лица во 79 од 81 турски округ. Во судирите за време на протестите се убиени четворица демонстранти и еден полицаец. Според Турската асоцијација на лекари во судирите се ранети над седум илјади лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.