| четврток, 6 декември 2018 |

Обама: Путин има менталитет за студена војна

Американскиот претседател Обама го повтори разочарувањето од однесувањето на неговиот руски колега Путин кој одбива да го предаде Сноуден на САД.

Во интервјуото за шоуто на Џеј Лено , Обама изјавил дека и покрај тоа што меѓу двете земји нема договор за екстрадиција САД и Русија никогаш немале проблем да ги разменат прекршувачите на законот како Сноуден.

Обама во интервјуто признава дека и покрај американско – руската соработка како на пример при руската логистичка поддршка за трупите на САД во Авганистан или при барањето на терористи по Бостонскиот маратон, тој не е изненаден од развојот на односите со Русија затоа што Путин , според него имал менталитет што е прикладен за студената војна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top