| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ во НБА ќе дебитира на 30 октомври

ANTICПеро Антиќ дебитанскиот натпревар во официјалниот дел од НБА би требало да го има на 30 октомври. Според календарот на натпревари во НБА – лигата тимот за кој ќе настапува Антиќ, Атланта хоукс последниот ден од октомври им гостувања на Далас маверикс.

 Сезоната  на 29 октомври ќе ја отворат шампионот Мајами хит и Чикаго. Истиот ден ќе се одигра и дербито на Лос Анџелес, меѓу Лејкерс и Клиперс. Лигашкиот дел од сезоната треба да заврши на 16 април, додека Олстар-мечот е закажан за 16 февруари во Њу Орлеанс.
Два меча оваа сезона ќе се играат надвор од САД – Атланта на 16 јануари ќе игра ќе игра против Бруклин во Лондон, додека во Мексико на 4 декември ќе се сретнат Сан Антонио и Минесота.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top