| четврток, 6 декември 2018 |

Изгледот на скопскиот Плоштад со новата фонтана (фото)

Вака ќе изгледа новиот плоштад по изградбата на современа фонтана на површинско ниво со 128 прскалки, кои ќе се употребуваат само во летниот период. Фонтаната ќе биде со димензии 15х15 метри, а ќе биде поставена на просторот меѓу Камени мост и постојната фонтана.

– За време на реконструкцијата, постојните плочи на плоштадот делумно ќе бидат зачувани, а другите ќе бидат извадени и ќе се употребат на плоштадот кај црквата „Пресвета Богородица“. На местото на извадените плочи, при реконструкцијата на партерот на плоштадот „Македонија“, ќе биде поставена коцка. На плоштадот ќе бидат заменети канделабрите,  клупите и кантите за отпадоци – стои во денешното соопштение од Град Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top