| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјани со автомобил влечеле сограѓанка по улица

mvrДвајца скопјани влечеле скопјанка по улица. 52 годишниот Р.Ш. и 54 годишниот З.Н. заработија кривични пријава откако на 29 јули годинава безмилосно ја повредиле 36 годишната скопјанка Т.Р.

Двајцата скопјани ја пресретнале Т.Р. на улицата „Иван Манолев“ во Скопје и се обиделе насилно да ја внесат во нивното возило. Откако не успеале да ја земат жената во својот „Мерцедес“, тие го стартувале автомобилот и ја влечеле околу 200 метри. Скопјанката заработила тешки телесни повреди.

Двајцата насилници добија кривични пријави за „тешка телесна повреда“ и „помагање“, како и 30-дневен домашен притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top