Нашите кошаркарски репрезентативци вечерва ја остварија првата победа против домаќинот Хрватска. Со десет тројки „црвено-жолтите“ во Славонски Брод доминираа со 78-74 во рамките на подготовките за настапот на Европското првенство во Словенија овој септември.
Без помошта на капитенот Перо Антиќ и без Предраг Самарџиски, кој одигра помалку од пет минути поради незгодна повреда на коленото, македонските кошаркари воедни му го донесоа првиот триумф на новиот селектор Алеш Пипан.
Нашите покажаа многу подобра игра во второто полувреме, за првпат годинава во македонскиот дрес, Лестер Бо Мекејлеб одигра дури и подобро од очекуваното, иако дури завчера им се приклучи на репрезентативните колеги по напорниот лет од САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


