Новиот претседател на фудбалскиот тим Тимок од Зајечар е никој друг, туку кралот на турбофолкот, Аца Лукас.
На седницата одржана вчера, прифатен е предлогот српскиот фолкер да ја превземе функцијата и да го поведе клубот во обид да се пласираат во српската „Суперлига“, пренесува српскиот “Курир“.
Управа доби поддршка од градот и да го реновира стадионот на клубот, а обезбедени се и добри финансиски услови за доведување на играчи што би помогнале за влез во „Суперлигата“.
Инаку Аца Лукас е и член на одборот на ФК Црвена Ѕвезда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


