Покрај епитетот најубава, Марија Шарапова и оваа година го има статусот на најплатената спортистка во светот. Руската тениска ѕвезда со заработени 29 милиони долари во периодот ланскиот до месец јуни во 2013-та година, повторно ја предводи годишната листа на Форбс.
Шарапова има заработено 6 милиони од наградни фондови и 23 милиони од спонзорски договори. Во овој период 26-годишната Русинка го освои „Ролан Гарос” и за кратко се врати на врвот на ВТА листата. Освен тоа, зеде сребрен медал од Олимписките игри и играше финале во Париз во оваа сезона.
Светската тенисерка број 3 има спонзорски договори со „Најк“, „Хед“, „Самсунг“, „Порше“, „Евијан“ и „Таг Хауер“.
Второто место во рангирањето го зазема убедливата лидерката на светската ВТА листа, Серена Вилијамс. 31-годишната Американка, која во споменатиот период освои три Гренд Слем титули и златен олимписки медал, додаде на својата сметка 20.5 милиони.
Кинескињата На Ли, која во претходните две листи ја заземаше втората позиција, сега е трета со 28.2 милиони. Најголемиот дел од сумата, која 31-годишната тенисерка ја заработи, доаѓа од спонзорските договори – 18.2 милиони.
Десетката ја дополнуваат светската тенисерка број 2, Викторија Азаренка (15,7 милиони), ѕвездата од НАСКАР Даница Патрик (15 милиони), натпреварувачка во уметничко лизгање Ким Јуна (14 милиони), тенисерка Каролин Вознјацки (13,6 милиони), Агниешка Радванска ( 7.4 милиони) и Ана Ивановиќ (7), следени од голфърката Пола Кример.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


