Рускиот државјанин кој утрово ја прескокнал оградата и влегол во дворот на претседателската резиденција на Водно е 33-годишниот Денис Червов, дознава „Република“.
Денис отворил негов профил на „Фејсбук“ пред само три дена. Досега има само 5 пријатели, сите од Русија и 3 фотографии. На насловната фотографија на неговиот профил, младиот Русин е сликан пред споменикот на воинот на коњ на скопскиот плоштад.

На профил фотографијата пак, Чарвов е сликан пред „Библиската лига“, односно скопската христијанска организација на евангелското единство на Македонија.

Денис Червов, откако бил приведен, пред полициските инспектори се правдал дека оградата ја прескокнал барајки помош. Не знаел дека влегува на претседателски имот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


