| четврток, 6 декември 2018 |

Русин упаднал во резиденцијата на Иванов

Утрово, околу 10 часот,  системот за  видео надзор ја алармирал претседателската служба за обезбедување. Тие забелажеле  како некој ја прескокнува оградата од задната страна на претседателската вила, пренесува Сител.

Обезбедувањето веднаш интервенирало, па го фатиле непоканетиот гостин, инаку руски државјанин, па од Водно го однеле во полициска станица.

33-годишниот руски државјанин пред полициските инспектори се правдал дека оградата ја прескокнал барајки помош. Не знаел дека влегува на претседателски имот.

При претресот кај рускиот државјанин не било пронајдено оружје. Во себе носел само документи за идентификација. Распитот во полиција се уште е во тек.

МВР проверува дали неговата приказна според која се загубил шетајки на Водно е вистинита или имал друга намера и зошто покрај неколкуте приватни куќи и вили за да побара помош ја одбрал токму претседателската.

Во моментот додека бил вклучен алармот и траела потрагата по дворот претседателот Иванов не бил во вилата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top