| четврток, 6 декември 2018 |

Мажи VS жени

Зошто е подобро да си жена…

Бесплатни пијачки
Скоро сите девојки во својот живот добиле бесплатна пијачка во кафуле или диско, како почеток за машкото “флертување”. Доброто е што дамите можат да си ја испијат пијачката без разлика дали ќе почнат разговор со “флертувачот” или не.

Секоја жена изгледа супер гола
Женското тело е прекрасно, независно од тоа дали има вишок или помалку килограми. Апсолутно секоја жена е секси кога е гола или облечена во жешка долна облека.

Со шминка секоја жена е убава
Иако ова е малку дискутабилно, сепак независно од тоа колку генетски добила жената, со шминка може да покрие и најлошиот недостаток. Мажите не можат!

Плачот
Липањето на жената може да го омекне срцето и на најјакиот маж!

“Mindfuck”
Ова значи дека скоро сите жени можат да си дозволат да си играат со мажите на секој начин, а кутрите мажиња можат само да гледаат како ги влечат за нос.

Секс во секое време
Мажите (за разлика од жените) не можат да добијат секс во секое време. Ова е божји дар за дамите кои без разлика од тоа какви се можат да добијат секс со просечно убав маж во апсолутно секое време!
Затоа девојки следниот пат кога ќе одите да трпите болка на депилација или кога ќе дојде оној дел од месецот, сетете се на овие нешта кои ви даваат предност пред “појакиот” пол.

man-vs-woman

А сега зошто е подобро да си маж… кратко и јасно

1. Го завршуваш секој телефонски разговор за 30 секунди.
2. За годишен одмор доволни ти се 7 дена и еден куфер.
3. Можеш сам да ги отвориш сите конзерви и тегли со ајвар.
4. Пријателите не те опоменуваат кога ќе се здебелиш.
5. Кога менуваш програми на ТВ, не се задржуваш кај што ќе видиш солзи.
6. Твојот задник не игра никаква улога на интервју за работа.
7. Сите твои оргазми се вистински.
8. Премногу секс нема да ти ја уништи репутацијата (напротив).
9. За 300 денари добиваш 5 пара гаќи.
10. Можеш да се истушираш и облечеш за 5 минути.
11. Не мораш секоја ноќ да спиеш покрај нечии влакнести нозе.
12. Можеш да јадеш банана и сладолед на јавно место и никој да не те гледа чудно.
13. Автомеханичарите ти ја кажуваат вистината.
14. Нема да се изнервираш ако некој не ти ја забележи новата фризура или чевли.
15. Знаеш најмалку 20 начини да отвориш пивска флаша.
16. Не те интересира што ти зборуваат зад грб.
17. Три пара чевли ти се повеќе од доволни.
18. Луѓето не те зјапаат во гради додека разговараш со нив..
19. Ако некој носи иста како твојата кошула на забавата може и да не приметите
20. И за крај едно прашање – што е тоа целулит?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top