| четврток, 6 декември 2018 |

25 проценти од Британците купиле дрес од Ван Перси

Најдобриот стрелец во англиската Премиер-лига минатата сезона, Робин ван Перси, победи во конкуренцијата за најпродаван дрес од англиската лига

robin-vanpersie_2386918b

Преселбата на Робин ван Перси во Манчестер јунајтед го однесе на првата позиција на оваа листа, а неговиот удел во британскиот пазар на дресови е неверојатни 25 проценти.

Второто и третото место на списокот го зазедоа негови соиграчи, а меѓу десеттемина најпопуларни го нема Герет Бејл, најбараниот играч на „фудбалскиот пазар“ ова лето.

Јапонското засилување на тимот од  „Олд трафорд“, Шинџи Кагава, се проби во најдоброто трио, а на втората позиција е можеби последниот дрес на Руни во црвена боја.

Англискиот голгетер падна од првата позиција и загуби голем број навивачи, а како и на самиот терен, ангажманот на Ван Перси, значително го ослабе ефектот и на останатите фудбалери од нападот, па во првите 10 повеќе не се ниту Чичарито и Гигс.

Фернандо Торес успеа да се најде во Топ 5. Веднаш зад човекот кој ја одлучи претходната сезона во натпреварувањето, Серхио Агуеро.

И покрај лошите односи со својот клуб и најавената долга суспензија, Луис Суарез е во првите 10, а во завршницата на сезоната од листата испадна Стивен Џерард, кој на домашниот пазар е меѓу првите пет.

Најголемо изненадување е пласманот на Алекс Окслејд-Чемберлен на деветтото место. Во најпопулаерните 10 се уште две засилувања од минатото лето, Еден Азар и Санти Казорла. Лукаш Подолски во првиот дел од сезоната водеше меѓу играчите на Арсенал, меѓутоа во продолжението заостана во трката, веројатно затоа што почесто седеше на клупата за резервни играчи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top