Андонис Самарас на средбата со американскиот претседател Барак Обама, која е закажана за в четврток, ќе разговара и за проблемот за името, пишуваат грчките медиуми, пренесува „Телеграф“.
Грчките весници, повикувајќи се на дипломатски извори, пишуваат дека Самарас ќе се соочи со огромен притисок.
– Пораките што пристигнуваат од преку Атлантикот се јасни и не многу оптимистички… Вашингтон сака ова прашање да се реши колку што е можно побргу, доколку е можно и до крајот на 2013 година и на состанокот на 8 август Обама ќе бара да се прецизира – се наведува во грчкиот весник.
Самарас во Њујорк ќе се сретне со американски бизнисмени со грчко потекло, а по средбата со Обама, ќе има и одвоени средби со градоначалникот Мајкл Блумберг, генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, и претседателот на Американскиот еврејски комитет, Дејвид Харис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.