| четврток, 6 декември 2018 |

Гол маж улета на концерт на „Лолобригида“ (ФОТО)

Хрватскиот бенд „Лолобригида“ настапуваше во четвртокот на фестивалот „Ферагосто ЏАМ“, кој се одржува шестипат по ред на Ораховачко Езеро во Хрватска.

Среде концерт на сцената истрча гол средовечен маж, кого обезбедувањето не успеа да го фати. Тој за момент заигра со пејачката Ида Престер, ја фрли наметката и замина од сцената.

golac1_5082013_sib

Организаторите на фестивалот за хрватските медиуми велат дека групата не им ја најавила оваа гола авантура на чичкото, но познавајќи ги, ништо чудо ова да не е само пијан испад, туку добро смислено сценарио, додаваат тие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top