| четврток, 6 декември 2018 |

Нова Саат-кула во Дебар, присустуваше и градоначалникот на Тирана

Нова Сааат-кула џамија која се наоѓа во централниот дел на градот од вчера го краси Дебар. Таа со посебна свеченост беше пуштена вчера, на која присустуваа голем број гости меѓу кои и градоначалникот на Тирана Љуљзил Баша, кој по потекло е дебранец.

– Ова е настан кој ние дебарчани го очекуваме со денови, недели и месеци и ете на крај го доживеавме овој исторски ден за нас. Во овој свет храм дебарчани ја имаат својата историја. Реализиацијата на овој сон на верниците се случува во година кога ја одбележуваме 100-годишнината од независноста на Албанија и албанското знаме – изјави во обраќањето дебарскиот муфтија, Ефенди Ружди Љата.

На свеченоста присуствуваа и поглаварот на ИВЗ, реиз ул улема, Ефенди Сулејман Реџепи, со претставници од заедницата, имами и муфтии од повеќе општини од Македонија, лидерот на ДУИ Али Ахмети, градоначалниците на соседните општини, Центар Жупа и Маврово Ростуше, албанскиот град Пешкопеа, претставници од братството на Бигорскиот манастир, како и други компании и инситуции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top