Жителите од Липково не ги сакаат претставниците на Али Ахмети во нивното село. ДУИ не е добродојдена на свеченоста на 13 август за поклонување пред гробницата на паднатите припадници на ОНА. Претседателот на Месната заедница, Селајдин Шабани, и поранешниот пратеник од Слупчане, Фатмир Хасани, не гледаат искреност во поклонувањата на лицата од ДУИ пред грабницата на ОНА, туку само обид за добивање политички поени, пишува „Лајм“.
– Доколку јас треба да одлучам, не би им дозволил да дојдат. Но, сам не можам да ги запрам, па бидејќи селото не е единствено – нека дојдат. Јас нема да ги пречекам. Јас знам кога треба да го одбележам денот кога загина мојот син. Јас мојот син никогаш нема да го заборавам, додека сум жив. А, тие доаѓаат само и единствено за политички маркетинг и за ништо друго. Едно време мислев дека имаат искрени намери, но излезе дека не е така – вели Селајдин Шахини, татко на најмладиот загинат припадник на ОНА, Абдулмеџид Шахини, кој загина на 13-годишна возраст. Шахини, меѓу другото, ја обвинува ДУИ за корупција.
-Луѓето од ДУИ си ги добија функциите благодарение на крвта на паднатите борци на ОНА, а сега земаат мито за вработување. Од мене не земале, но има случаи кога земаат мито. Али Ахмети можеби не може сите да ги контролира, но тие работи се случуваат. Тие не им помагаат на семејствата на паднатите борци.
– Сега е Рамазан и тие не покажуваат никакво внимание. Јас немам потреба за помош, но има премногу семејства кои имаат потреба. Затоа не разбирам зошто воопшто доаѓаат овде на 13 Август. Не имаат заборавено со години, а ваму доаѓаат единствно на тој ден. Па, нема потреба, драг брате, да ни доаѓаш еднаш годишно – вели Шахини.
Експратеникот Фатмир Хасани, познат како воениот лекар, вели дека ДУИ нема реализирано ниту едно ветување за Слупчане, па затоа не е ни добредојдена во ова село.
– Нема потреба да доаѓаат без првично да се изгради меморијалниот центар за паднатите борци, без да се регулира статусот на паднатите и на воените инвалиди. Денот кога треба да се слават паднатите е 5 мај, а не 13 свгуст, бидејќи на тој датум се немаат реализирано барањата на ОНА. Ние војниците од Слупчане не го прифаќавме Рамковниот договор бидејќи тој не беше решение за барањата на Албанците. А, сега, сега тој договор го слават оние кои никогаш не се бореле, ниту пак испукале еден единствен куршум во воздух во 2001 година – вели Хасани.
Се жалат дека во Слупчане не е направена ниту една инвестицција. Многу семејства живееле во беда и мизерија, штетите од 2001 година не биле санирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ДУИ не се подготвени: Не е време за предвремени избори
-
Ахмети: ДУИ има огромен придонес во менувањето на името на државата со цел доближување до ЕУ и НАТО
-
ДУИ бара да се казнат виновниците за смртта на Саздовски
-
Османи го информираше ДУИ за договорот, партијата со целосна поддршка на Владата во преговорите за името