Турските власти минатата недела уапсиле ветрушка осомничена дека шпионирала во корист на Израел.
Птицата подоцна била ослободена без обвинение откако скенирањето со х-зраци покажало дека на неа нема монтирана опрема за набљудување.
Осомничениот таен агент бил уапсен откако на неговото стапало бил пронајден метален прстен на кој имало изгравирано „24311 Тел Авивуниа Израел“.
Жителите на селото Алтинаја, под сомневање дека откриле странски шпион, случајот го пријавиле на властите.
Сепак, на крајот било утврдено дека птицата носи прстен во научни цели за следење на нејзината трага при миграција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.