Привремениот претседател на Египет, Адли Мансур, синоќа објави декрет со кој се укинува затворската казна за навредување на претседателот на државата.
Мансур донел таква одлука затоа што во времето на владеењето на Мохамед Морси биле покренати голем број судски случаи за вакво кривично дело.
Потегот на Мансур бил поздравен од активисти за човекови права.
Досега за навредување на претседателот можеше да се добие затворска казна од 3 години, а со новиот декрет затворот се менува со парична казна, која може да достигне до 4.300 американски долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.