Четири часа и 34 минути дневно – толку македонската јавност гледа телевизија во текот на еден ден. Ваквиот просек ја става Македонија на врвот на листата на ТВ-манијаци. За утеха ни се Србите, но тие се на тронот со години. По нив, а пред нас се Американците. Во 2011 година сме имале можност да им го земеме „среброто“, но ни побегнале само со две минути – тие 290 минути поминати пред телевизорот, а ние 288 минути.
Статистиката вели дека Македонецот сѐ повеќе се навлекува на гледање телевизија. Најмалку сме гледале телевизија во 2008 година – 260 минути, а во 2012 година 274 минути.
Од 38 држави во светот, за кои IP International Marekting Committee (CMI) ги мери навиките на ТВ-публиката, во 2011 година веднаш зад нас биле Украинците со 286 минути, потоа Грците со 268 минути, Хрватите со 267 минути и Романците со 257 минути. Следуваат Јапонците со по 200 минути пред телевизорот, Русите – 220, а Бугарите и Германците по 225 минути. Словенците со 186 минути се во долниот дел од оваа табела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.