| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев – бомбардер на летото на Наполи

AC Milan vs SSC NapoliМакедонскиот фудбалер е главна тема во европските спорстски медиуми. Најпознатиот фудбалски портал го прогласи за најдобар играч на неделата, а италијанскиот весник „Газета дело спорт“ излезе со анализа за неговата игра во подготвителниот период нарекувајќи го „бомбардер на летото на Наполи“.

– Македонецот е најдобар стрелец летово на неаполците: 5 гола во исто толку натпревари. Иста музика како лани, кога тој беше бомбардер на месец август: 7 гола на 7 меча. Надеж за него и за Наполи е дека овој пат ќе биде на висина на задачата и о текот на есента. Горан има сè што треба за да игра значајна улога – нозе, чувство за гол, физичка сила. Сепак, за да се остане битен фактор треба – континуитет. Пандев и минатата година беше извонреден во текот на летото, но помалку ефикасен во првенството. Како и да е, Македонецот ги има сите карти в рака за да стане сериозен актер во нападот на Наполи. Нападот на овој тим  сега се создава – пишува „Газета дело спорт“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top