
По обединувањето на Германија,во 1990 година, целосно беше откриено долгогодишното допингување на спортистите во поранешна Источна Германија, но сега се тврди дека и во Западна Германија се практикувало мамењето во спортот со користење на допинг средства.
Оваа програма почнала во раните седумдесети години на 20-от век, најверојатно за да им се парира на големите спортски постогнувања на натпреварувачите од Истична Германија.
Медиумите во Берлин забележуваат дека ова откритие претставува голем удар за познатиот германски Институт за спортска наука, што е создаден во 1970 година со решение на тогашното Минстерставо за внатрешни работи.
Функционери на Германскиот олимписки комитет ги отфрлија ваквите тврдања, нагласувајќи дека медицинскте истражувања во Германија навистина биле финансирани со државни пари, но дека тоа автоматски не значи дека државата го финансирала допингот.
Германските весници откриваат дека кај тројца фудбалери на репрезентацијата на Западна Германија на финалниот меч од Светското првенство во 1966 година, бил откриен ефадрин, кој важи за забранет стимуланс во спортот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


