| четврток, 6 декември 2018 |

Горан Пандев фудбалер на неделата

Горан Пандев е играч на неделата, смета најпознатиот фудбалски портал Goal.com. Пандев ваквата „титула“ ја доби откако во последниот период импресионираше во дресот на Наполи. Постигна три гола за својот тим, против Галатасарај, Арсенал и Порто.

Goal, посочува дека тренерот Рафа Бенитез изразил желба да донесе во тимот двајца напаѓачи откако Кавани замина во ПСЖ, со штио изгледите на Пандев за иднината во Наполи не беа добри. Но затоа македонскиот репрезентативец успеа да постигне по еден гол на последните четири пријателски мечеви на Наполи. Бенитез изјави дека Пандев „сега е подобар играч, од она што кога беше во Интер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top