| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ: Груевски да го објасни насилието со моторни пили

centar-drvja-protesti07СДСМ реагира на денешната прес-конференција на владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, на која тој посочи дека со градењето на новите објекти се штеди за кирии.

– СДСМ бара премиерот Никола Груевски да излезе и да го објасни насилието кога со моторни пили и полиција, среде ноќ, го срамнија со земја паркот кај „Бристол“. Дали за Владата во Скопје не постоеше друга локација за барокното здание што сака да го подига освен меморијалниот парк за жртвите од земјотресот со дрвја стари од 50 години? Дали секогаш кога граѓаните ќе имаат различен став од политиките на ВМРО-ДПМНЕ, власта ќе се пресметува со нив со специјалци и со „алфи“, како што го направија тоа и на 24 декември со новинарите и со пратениците? ВМРО-ДПМНЕ ја гази волјата на жителите на Центар, кои на локалните избори јасно се изјаснија против проектот „Скопје 2014“. Власта го продолжува луксузирањето за барок на сметка на елементарните потреби на граѓаните и животната средина. СДСМ порачува веднаш да престане бруталноста и ароганцијата на ВМРО-ДПМНЕ со кои нанесува непоправлива штета – реагираат од партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top