| четврток, 6 декември 2018 |

Жерновски:Општината не може да направи ништо

centar-drvja-protesti04Градежните дозволи за сите објекти во Центар се издадени во времето на претходната општинска власт, вели градоначалникот Андреј Жерновски. Тој смета дека постои шанса да не се дозволи изградба на катната гаража на аголот кај „Автомакедонија“, за каде што администрацијата утврдила незаконитости при донесувањето на предметниот ДУП, а инвеститорот сè уште не поседувал градежна дозвола за објектот.

– Сè е во рацете на централната власт. Општината не може да направи ништо, сè што досега е направено не може да се сопре – изјави Жерновски.

По негова иницијатива, задутре Советот на општината ќе одржи вонредна седница и тоа на местото на исеченото зеленило кај „Бристол“. Иако Општината не е моќна да ги смени работите, како што рече Жерновски, се очекува Советот да донесе заклучок со кој, меѓу другото, општинарите ќе се обврзат дека никогаш нема да усвојат урбанистички планови на штета на граѓаните и без нивна согласност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top