Кралот на турбофолкот неколку дена одмораше во Охрид по илинденскиот концерт. Него до толку му се допаднаа охридските плажи и градот што решил да си купи стан во Охрид.
– Концертот помина фантастично, навистина нема зошто да правам лице секогаш кога сум кај вас си поминувам одлично, а Охрид посебно ме исполнува. Заради тоа и жалам што поради однапред закажаните настапи не можам да останам неколку дена – изјави Аца Лукас за Вечер откривајќи дека од следната година не само што ќе биде почест гостин во Охрид, туку ќе биде и негов жител затоа што решил да си купи стан.
– Одлуката падна, решив да купам стан и да уживам повеќе во една од моите омилени дестинации за летување. Цел свет сум го прошетал, но овој мир и оваа убавина ја нема никаде. Веќе разговарав за станот и наскоро се надевам дека во рака ќе ги држам и клучевите – додава фолкерот, кој за весникот открива дека пикирал луксузен апартман во новиот комплекс лоциран на местото на некогашниот хотел „Парк“.
– Локацијата и објектот се екстра, ќе уживам и јас и моето семејство затоа што во склоп на комплексот има за сите по нешто. Ми се допаѓа тоа што ќе се будам со поглед на езерото – вели пејачот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


