Триесет и тригодишниот С.Т. од Нови Сад пријавил дека бил жртва на силување откако чичкото на неговата девојка го натерал орално да го задоволува.
– Момчето беше уплашено и претепано кога дојде во полиција. По неколку минути ја отвори душата и раскажа. Рече дека 2 часа пред силувањето бил кај својата девојка К.С. (18). Тогаш го викнал нејзиниот чичко и рекол да излезе надвор бидејќи сакал нешто да му каже – вели извор за српски „Ало“.
Според зборoвите на силуваното момче, пред куќата го пречекал чичкото на девојката со уште едно момче, а потоа го ставиле во автомобил и го однеле на каналот Дунав – Тиса – Дунав.
– Беше мрак и не видов каков автомобил беше. Насилно ме пикнаа во него. Ме возеа до каналот и ништо не ми зборуваа. Кога стигнавме, ме извадија од автомобилот и почнаа да ме тепаат. Во еден момент чичкото на мојата девојка ги соблече панталоните и побара орално да го задоволам. Немав избор, морав да го сторам тоа – раскажало силуваното момче во полиција.
Потоа момчето било оставено покрај каналот, а тие си заминале како ништо да не се случило. Како мотив за силувањето оштетениот го навел противењето на семејството на неговата девојка на нивната врска.
Тие не можеле да ја прифатат врската иако и двајцата им објасниле дека се сакаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


