| четврток, 6 декември 2018 |

Манјак снимил голи девојчиња на базен

bazenТриесет и тригодишен маж од Ниш е уапсен на воен базен откако бил фатен како во кабина во женскиот тоалет скришно ги снима девојчињата. Кај уапсениот Предраг се пронајдени две камери со видеоснимки од девојчиња. Бил фатен откако девојчињата што ги снимил сами го забележале и го пријавиле.

Предраг се наоѓа во 48-часовен притвор поради сомневање дека ги користел децата за порнографија и планирал да ги прикажува порнографските материјали.

– Околу 17 часот неколку девојчиња се обратиле на обезбедувањето на базенот посочувајќи го човекот што ги снимил во кабината. Тој се обидел да избега, но обезбедувањето го престигнало. Пронајдени се двете камери на кои се гледале снимки од девојчињата. Манијакот го користел тоа што параванот во кабините не е спуштен до самиот под. Ја ставил камерата меѓу параванот и подот снимајќи им ги гениталиите додеја се соблекувале – велат од управата на базенот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top