| четврток, 6 декември 2018 |

Френклин од Америка најуспешна пливачка во светот

Американката Миси Френклин стана најуспешната пливачка во историјата на светските првенства откако стигна до шестиот златен медал на едно натпреварување

ap_missy_franklin_jp_120803_wg

Таа славеше и со штафетата на САД на 4 пати по 100 метри мешано, со што стигна до шестиот златен медал на СП во Барселона.

Mиси Френклин го надмина рекордот што беше во заедничка сопственост на Трејси Колкинс, која во 1978 година освои пет златни медали, и на Либи Трикет, која го повтори истото во 2007 година. Но, отсега Миси Френклин ќе биде пливачката што ќе се споменува низ историјата.
Френклин им се придружи на малкутемина пливачи што успеале да освојат по шест златни медали на ОИ или на СП, а тоа се Мајкл Фелпс, Марк Шпиц и Кристин Ото.
 Интересно е дека Френклин, сепак, не беше прогласена за најдобра пливачка на Светското првенство во Барселона, туку тоа е нејзината сонародничка Кејти Ледецки. Таа освои четири златни медали и постави два светски рекорда, а токму тоа беше пресудно со оглед дека формулата за пресметување не ги смета штафетните трки, а дава дополнителни поени за светските рекорди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top