Во Основниот суд во Скопје денеска почнува судењето на 16 лица обвинети за случајот „Керозин“.
Полициската акција се одвиваше во два дела, лани во ноември и во декември. Откако беше уапсен сопственикот на неготинската фирма „Алма комерц“, неговото семејство и соработниците, потоа беа уапсени уште 6 лица, вработени во јавни институции.
Обвинетите се товарат за малверзации на компанијата „Алма комерц“, која им продавала нафта за греење на државни и јавни институции. Според обвинението, тие организирано во група преку фирмата наплатувале колку што било предвидено во тендерот, а испорачувале помалку нафта отколку што требало.
Услугите на неготинскиот снабдувач со нафта ги користеле Министерството за труд и социјална политика, Министерството за одбрана, Царината, УЈП, Службата за општи и заеднички работи при Владата, општини, болници, училишта.
МВР не најде докази за вмешаност на функционери од овие институции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


