Судиите, поточно 21 главен и 44 асистенти, одржале состанок на кој расправале за интерпретацијата на правилата за претстојниот фудбалски шампионат во Италија.
– Ќе се обидеме да ѝ дадеме предност на забавата доколку играчите се трудат да играат фудбал. Сепак, не смееме никому да му дозволиме да се однесува насилно. Сега гледаме неверојатни прекршоци на фудбалерите иако немаат шанси да дојдат до топката. Мора посебно да обрнеме внимание на начинот на кој се менува фудбалот – вели Браски на темата остри стартови.
Официјалните лица, исто така, строго ќе реагираат во случаите во кои ривалите се влечат за дресовите во казнениот простор, како и при протестите на фудбалерите упатени кон судиите.
– Се разбира, играчите смеат да разговараат со нас, меѓутоа постојат начини на кои можат да го сторат тоа. Сакаме да се врати улогата на капитенот, што многу ќе им помогне на судиите. Ќе имаме нулта толеранција за оние фудбалери што ги влечат противниците за дресовите. Доста е веќе од тие збунети лица кога ќе досудиме слободен шут или пенал. Играчите мора да бидат свесни за правилата – нагласува Браски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Силен ветар однесе пет жртви во Италија
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја



