Се множат светските рекорди на СП во Барселона, а најнова рекордерка е Американката Кејти Ледецки, која освои златен медал на 800 метри слободно со ново најдобро време – 8:13.86 минути. Таа го собори рекордот на Британката Ребека Адлингтон (8:14.10 минути), што беше поставен на Олимписките игри во Пекинг, пред пет години.
Сребрениот медал на 800 метри слободно и припадна на Лоте Фрис од Данска, додека на третата позиција се пласираше Лорен Бојл од Нов Зеланд.
Интересно е дека истиот распоред на медали беше и во трката на 1.500 метри слободно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Миа Крстевска е новата шампионка во 200 метри грбно и освојувач на златен медал во Белград
-
Македонските пливачи подготвени за ЕП во Копенхаген
-
Голем срам на Олимписки базен – децата плаќале по 3 евра од трка, а резултатите биле објавувани на чаршави!
-
Дванаесет годишната Миа сруши државен рекорд во пливање