Најмалку две години, по потпишаниот договор со првакот на Шпанија, семејството Лазарови ќе живее во областа Гава Мар крај морето, на неколку километри од центарот на Барселона
Лазаров кој по еден месец и презентацијата во својот нов клуб, се враќа во овој град и има два дена да се смести, аклиматизира и подготви за новиот предизвик. Нашиот капитен веќе подолг период тренира во Скопје и Дубровник и подготвен ќе го дочека стартот на подготовки на тренерот Хавиер Пасквал. Ракометарите на Барселона ќе се соберат в понеделник наутро во 8 часот, ќе ги минат медицинските тестови и по првиот тренинг во Барселона, се селат на Андора, каде ќе ги направат подготовките. Дебито на Лазаров е на 15 август во рамките на Каталонскиот Суперкуп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



