| четврток, 6 декември 2018 |

Прослава на Илинден во славното Смилево (фото)

Неколку стотици граѓани од Смилево, Демир Хисар, Битола и други градови и населени места, како и голем број иселеници, вчера присуствуваа на традиционалната централна општинска прослава „Илинден во Смилево 2013“.

Прославата почна со положување цвеќе на гробот на великанот на македонската револуционерна борба Даме Груев.

Во името на граѓаните на општина Демир Хисар, се обрати градоначалникот Љупчо Блажевски кој рече, дека на овој ден со гордост ги славиме и прославуваме нашето богато и славно минато, нашата култура и традиција и ја потврдуваме нашата национална самосвест и припадност од кои што никогаш нема да се откажеме.

–          Револуционерното и слободољубиво Смилево, смилевските Илинденци и илинденските настани се македонска историска реалност која што, постоела, постои и ќе постои само како македонска и никако поинаква, и не треба некој однадвор да не потсетува и подучува,  како треба да се слави и колку треба да се памти делото на македонските херои кои си го дадоа животот во борбата за народна слобода, порача градоначалникот Блажевски.

 

2 1 5 3 4

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top