13 луѓе се повредени откако воз се забил во автобус во Хрватска.
Несреќата, според првичните информации се случила поради неисправна сигнализација.
Несреќата се случула утрово околу 8.30 часот.

– Повредени се вкупно 13 лица од кои две во животна опасност. Сите повредени се патници од автобусот и се сместени во болница во Шибеник, соопштила портпаролката на полициската управа Шибенско-книнска.
Несреќата се случила меѓу местата Бадањ и Сивериќ. Автобусот бил пред влезот на местото Дрниш кога на него налетал воз кој исто така возел кон овој град. И возот и автобусот сообраќале на релација Книн- Шибеник.

Според првичните информации, несреќата се случила затоа што сигнализацијата на пругата била оштетена во петокот при друга сообраќајна несреќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


