| четврток, 6 декември 2018 |

Намалување на казните за радиодифузерите со новата законска регулатива

zakon za mediumiПо одржаните јавни расправи за Законот за медиуми и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во Комисијата за транспорт, врски и екологија при Собранието на Република Македонија, на 29 и 30 јули 2013 година, и по разгледувањето на забелешките и сугестиите предложени од страна на учесниците во расправите, министерството за информатичко општество и администрација донесе одлука за намалување на глобата за радиодифузерите за сторен прекршок во нивното работење, информираат од министерството.

По одржувањето на јавната расправа за двата закона предвидена за 13 август 2013 година, ќе се донесе одлука за колку ќе бидат намалени глобите за прекршителите на законите.

Казнените одредби се дефинирани во новата законска регулатива за медиумите и аудиовизуелните медиумски услуги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top