| четврток, 6 декември 2018 |

Левандовски не ја сака Борусија повеќе

Поолскиот голгетер пва лето сакаше да се пресели од „Сигнал Идуна Парк“ во редовите на најголемиот ривал, Баерн Минхен, меѓутоа челниците на неговиот табор не му дозволија, иако договорот му истекува на крајот на идната сезона

levandovski

„Кога некој нешто ќе вети, би требало да го одржи својот збор. Не мислам само на гласините за трансферот, туку и за другите работи за кои разговарав со Управата, а не се остварија“, изјави Левандовски за медиумите од својата татковина.

„Без оглед на тоа колку ќе тренирам и што ќе направам и натаму ќе се чувствувам измамен. Излегува дека зборовите кои што ги рекоа гледајќи ме во очите биле целосно неточни“, вели Полјакот.

Левандовски во 2010-та година од Лех од Познањ прејде во редовите на „Милионерите“, а за бундеслигашот одигра 139 натпревари и постигна 75 погодови, вклучувајќи ги и 4-те гола кои што ги запиша во полуфиналето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид минатата сезона.

За полската национална селекција досега настапил на 54 мечеви и реализирал вкупно 17 погодоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top